-Трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за рекреативци ќе биде од спортска сала „Гоце Делчев“, по ул.„9“, ул.„8“ до целта – спортска сала „Гоце Делчев“, додека трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за професионалци ќе биде од спортска сала „Гоце Делчев“ кон општинската зграда Илинден, преку надвозникот во населба Илинден кон Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино, Марино до целта – спортска сала „Гоце Делчев“, соопшти МВР.Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива велосипедската трка.
Посебен сообраќаен режим утре во општина Илинден поради велосипедска трка
102
Припадници на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземат мерки за пренасочување на сообраќајот по околните улици.