Почетна ЕкономијаИДФ: Лансирани 40 ракети од Либан кон северен Израел, две лица се повредени

ИДФ: Лансирани 40 ракети од Либан кон северен Израел, две лица се повредени

од nenad
0 минути читај за

Околу 40 ракети се лансирани од Либан кон Галилеја и Голанската висорамнина во Израел во изминатиот час, а две лица се повредени, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ)Неколку ракети, како што наведуваат ИДФ, биле пресретнати од воздушната одбрана, додека други погодиле на земја, предизвикувајќи пожари и полесно повредени две лица.

Противпожарната и спасувачката служба соопшти дека околу 15 пожари избувнале како резултат на ракетирање од Либан на Горна Галилеја и Голан, како и паѓање шрапнели по пресретнувањето ракети од Либан, пренесува „Тајмс оф Израел“.

рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА