Почетна ЕкономијаНовинарот Зоки Фаци се бори со канцер, ги повика своите фанови да му дадат поддршка

Новинарот Зоки Фаци се бори со канцер, ги повика своите фанови да му дадат поддршка

од nenad
2 минути читај за




Зоки Фаци почнува со хемотерапиите: Нови детали за неговото здравје
Естрадниот новинар Зоран Василевски кој од неодамна повторно се бори со канцер во неговото последно обраќање на социјалните мрежи откри нови моменти од неговата здравствена состојба.
Најави дека вечерва на поткаст ќе им објасни на фановите што точно се случувало последните три недели во Истанбул каде што престојуваше.
За неговото здравје во истото „стори“ откри: „Најверојатно од понеделник ќе почнам со хемотерапиите, зависи докторот во Државна што ќе ми каже. Ме чека една голема борба и навистина без вас не би можел да успеам. Ми значи секоја ваша порака во инбокс, ми значи вашата поддршка, поддршката на моите блиски“.

   

Естрадниот новинар и водител Зоран Василевски – Фаци, кој пред речиси две години беше опериран од карцином на ногата, повторно бил подложен на операција.
Василевски бил опериран во Државна болница, на Одделот за реконструктивна хирургија.Василевски објави дека се наоѓа на Oдделот за пластична хирургија, каде му е отстранет тумор од ногата.
„Дечки мои, преживеав уште една голема битка, благодарам од срце на целиот тим на д-р Џонов и неговиот асистент Благоја Србов, како и на сите вработени на пластична хирургија, чувајте се, канцерот не е зезање, се надевам дека го победив уште еднаш“, напиша Василевски во описот на фотографиите.Во видеата што ги објави синоќа од болницата, Зоки им се обрати на своите следбеници.„Здраво, драги мои. Ви се обраќам од Државна болница, од Одделот за пластична хирургија. Добро сум, операцијата беше во 11 часот. Се освестив, цел ден спијам. Имам катетер, имам некои вакви чуда. Фала ви на сите за пораките, навистина многу ми значат, чувајте се. Се надевам дека карциномот е минато и дека нема веќе да се врати никогаш. Го издржав ова многу храбро“, вели тој.