Реал Мадрид е новиот европски шампион. „Кралевите“ вечерва ја оправадаа фаворитската улога и славеа победа од 2:0 против Борусија Дортмунд. Имаше Борусија свои прилики, првата голема ја пропушти Адејеми кога излезе „еден на еден“ со Куртоа, но Белгиецот лошо реагираше и не успеа да ја затресе мрежата.
Таквата игра се исплатеше во 74. минута кога Тони Крос изведе еден одличен корнер, а Дани Карвахал со глава ја смести топката во мрежата. Точка на финалето беше ставена десетина минути подоцна кога Винисиус Жуниор го матираше Кобел за 2:0.
На три минути пред крајот Филкруг успеа да го погоди голот на Реал, но по асистенција на помошникот, голот беше поништен поради офсајд.