Почетна Убавина и здравјеСветот ја гледаше како БОЖИЦА, а клетвата ја следеше на секој чекор – Убавина и здравје

Светот ја гледаше како БОЖИЦА, а клетвата ја следеше на секој чекор – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Далида, чие вистинско име е Јоланда Џиљоти, порасна во Египет во богато имигрантско семејство. Нејзиниот живот драстично се менува од моментот кога победи на изборот за мис на Египет. Таа тогаш имаше 19 години и ја искористи новооткриената слава за да започне пејачка кариера – постигна огролем успех со песната „Бамбино“.

За време на нејзината триесетгодишна кариера, Далида стана голема меѓународна ѕвезда. Нејзиниот гламурозен живот и трагичната смрт во 1987 година ја направија  култна личност за поновите генерации, кои не можеа да ја следат оваа дива во педесеттите години на минатиот век кога беше на врвот на својата слава.

По големиот успех во татковината, Далила се враќа во Франција, каде што ја продолжува врската со својот менаџер Лусиен, кој не може да се разведе од сопругата. Сепак, во април 1961 година склучуваат брак.

Целото нејзино семејство отпатува од Египет за да присуствува на свадбата. Само неколку месеци по венчавката, Далида оди во Кан на настап и таму го запознава Џин Собијески, во кој лудо се вљубува. Овој занес го доведува бракот на Далида во криза и таа се разведува со нејзиниот сопруг, кој подоцна извршува самоубиство.

Меѓутоа, Далида ја прекинува врската со Џин, иако нема никакви пречки во нивната љубов. Пејачката одлиќи радикално да го промени имиџот – од природна бринета станува бомбастична русокоса. Новата фризура е придружена со нов музички правец.

Наскоро во нејзиниот живот влегува Луиго Тензо, млад музичар, со кој Далида почнува љубовно патување. Парот се подготвува за музичкиот натпревар во Сан Ремо. Натпреварот и за двајцата заврши неславно, што го уништи младиот пејач. Луиго се опива, се расправа со жирито на натпреварувањето, оди во хотелска соба и се самоубива.

Далида е целосно уништена по смртта на Луиџи и неколку месеци подоцна се обидува самата да се самоубие. Започнува период на духовно патување. Се’ почесто патува во Индија, се консултира со гуруто. Но никогаш не ја запоставува својата кариера.

Нејзината опсесија со читање и истражување на сопствената психа резултира со оригинални текстови на песните, кои будат неверојатно длабоки мисли.


Поврзани објави

Веќе во 1972 година, Далида го постигна својот духовен мир. Кариерата ѝ напредува. Набрзо ја сними легендарната песна Paroles Paroles со Ален Делон и стана глобално популарна.

По една година се враќа и влегува во студиото за да сними нови песни, но таму ја дознава тажната вест дека нејзиниот поранешен љубовник Ричард се самоубил.

Пејачката не може да ја поднесе оваа вест и паѓа во депресија, а често има и моменти на губење на меморијата.

И покрај големите здравствени проблеми, пејачката ја продолжи турнејата во 1984 година. Но наскоро ја прекинува за да оди на операција на очите. По кратка пауза, пејачката се враќа на сцената, но овој пат во улога на актерка во филмски класик. Критичарите го пофалија нејзиниот ангажман.

Во тоа време, пејачката ја почнува љубовна врска со својот лекар, која повторно заврши трагично за неа. Далида овој пат не закрепна од љубовниот бродолом – се самоуби на 3 март 1987 година.

Во прошталното писмо пишува: „Простете ми, животот ми стана неподнослив…“.

Фото: Инстаграм, Getty Images