Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека е исклучително важно во овие моменти да се покаже морална поддршка на сите учесници во како што ја нарекува „специјалната воена операција во Украина“.
Како што рече, важно е сите да чувствуваат дека целата земја е со нив и сите да разберат која е нивната мисија.
Тој им се заблагодари и на сите учесници во специјалната воена операција за нивниот придонес.
– Ви благодариме што работевте како дел од поддршката, бидејќи им помагате на сите оние кои се борат, кои ги бранат интересите на нашата земја, на граѓаните на Донбас и на новата територија. Ова е исклучително важна работа. Иако материјалната помош е многу потребна, не треба да се занемари ниту важноста на моралната поддршка. Луѓето треба да почувствуваат дека земјата е со нив, дека ги поддржуваме, дека ја разбираме нивната мисија, која ја извршуваат како дел од специјална воена операција – посочи Путин.