Почетна МакедонијаД-р Пановски: Кракен е најпренослив сој досега, но изгледа не е поопасен

Д-р Пановски: Кракен е најпренослив сој досега, но изгледа не е поопасен

од nenad
1 минути читај за

И покрај тоа што практично не постојат мерки за заштита, состојбата кај нас и во светот е релативно стабилна, вели во разговор за „Локално“ д-р Никола Пановски, микробиолог и поранешен директор на Фондот за здравство околу ситуацијата со корона вирусот.

За сојот ХBB 1.5, попознат како Кракен, кој е подвид на сојот Омикрон, Пановски вели дека ќе го зголеми бројот на нови случаи.

– Тој е најпренослив корона вирус познат досега. За среќа, изгледа дека не е поопасен. Затоа, постарите и оние со коморбидитети треба да избегнуваат гужви, да носат маски во продавници, банки, автобуси, помладите и здравите да живеат нормално, а ако имаат респираторна инфекција, каква било, да се изолираат пет дена, апелира тој.

Пановски најави и подобар зимски период за земјава во однос на корона вирусот, во споредба со ланската година ова време.

– Се очекува да имаме зима полесна од претходните две, слична на оние години кога имало посериозни инфекции со грип, сега со корона, грип и други вируси заедно, под услов вирусите на грип да не бидат многу вирулентни, а за сега не се, укажува микробиологот.

Засега не е регистриран случај на новиот сој во Македонија.

Инспирирано од: infomax.mk