Почетна ТехнологијаТРИЧКО: СДСМ ОД НЕОБЈАСНИВИ ПРИЧИНИ ГО ПРЕПУШТИ МЕДИСКИОТ ПРОСТОР НА ВМРО И РЕЗУЛТАТОТ Е ТОЈ ШТО Е

ТРИЧКО: СДСМ ОД НЕОБЈАСНИВИ ПРИЧИНИ ГО ПРЕПУШТИ МЕДИСКИОТ ПРОСТОР НА ВМРО И РЕЗУЛТАТОТ Е ТОЈ ШТО Е

од nenad
2 минути читај за

Ги гледам реакциите на вчерашното гласање и повторно ја забележувам искривената и можеби фатална перцепција која на работите и приоѓа низ партиската призма, демек, која партија односно кандидат/кандидатка, добила, а која изгубила и зошто.

Дури и тие анализи се главно погрешни: сдсм биле, се вели, многу арогантни, а вмро-дпмне биле блиски со народот.

Блаблабла.

Колку било обратно во однос на партиското поведение, ќе се разбере многу бргу ако ваквите тенденции се прелеат во вториот круг и евентуално на паламентарните избори.

Резултатите се резултат на седумгодишниот третман на Македонецот како бел глушец на лабораториско тркало, овој пат во интензивните медиумски машини за миење на мозоците, помалку со цел да се смени власта отколку перспективата за смената на власта да го смени него и да го претвори од човек во хистеризиран автошовинист, папагал и роб на илузијата, односно жртва на идејата да биде десубјективизиран и декапацитиран во својата национална, морална, историска и човечка димензија.

Сдсм од непознати или недоволно познати причини, кои произведуваат низа сериозни сомнежи, го препушти тој простор и тоа е главната вина на партијата, но тоа што е капитално е ниската, безмалку никаква државотворна свест на тоа што го викавме народ и нација, а сега е флотантна маса, без трунка отпор кон интензивните процеси на политичко обезличување и дури кретенизирање.

Без елементарна меморија и историска навигација.

Тука немаше ништо софистицирано, туку само црвени јајца за амкање на деца до осум годишна возраст.

И мнозинството прифати да скока.

Освен тоа му дадоа и пар други играчки за предизвикување на солзи и гнев и бес (Ваташа, на пример) или Бугарите и Европа како страшилишта за нивното лозје.

Така што луѓето одбија да разберат дека и вчера и на 8 мај не се односно нема да се бира меѓу партиите, туку меѓу нив како луѓе и како идиоти. Мнозинството вчера ја одбра втората варијанта, не затоа што гласаше за Силјановска и вмро, туку затоа што гласаше за својата невозможност како луѓе и нација, дури и како држава.

Знам дека е малку тешкичко ова да се разбере, но ако до по Великден нешто драматично не се случи, се ќе стане јасно и ќе можеме да викнеме блех оркестар и да ја испратиме Македонија на вечен починок.

Доста се мачеше, кутрата.

Тоа е!