„На 8 мај има само една социјалдемократска опција и само една лева прогресивна опција, која се вика Социјалдемократски сојуз на Македонија“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митигот во Македонски Брод.Тој додаде дека денес се разјасниле сите дилеми и се заблагодари на ЗНАМ и Максим Димитриевски што јавна застанаа со ВМРО-ДПМНЕ давајќи поддршка за Гордана Сиљановска-Давкова.„На тој начин паднаа маските. Постојано говорев дека тој политички субјект е направен за лична корист и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Како НСДП и Демократска алтернатива“ рече Ковачевски.Претседателот на СДСМ додаде дека на крај тие и нивните поддржувачи ќе бидат отфрлени и заборавени, па ќе треба да се вратат во СДСМ која секогаш ќе биде стожерна, најсилна и најголема социјалдемократска партија во Македонија.
- Кацарска: Пратениците се мајтапат со Уставниот суд и граѓаните
- Клубот на младински прашања и политики во посета на студентскиот дом „Стив Наумов“
- „И 150 ПАТИ ЌЕ МЕ ГЛЕДАТЕ СО ЛОПАТА“: Мицкоски вели дека често ќе го гледаме со неа
- (ВИДЕО) Коцевски: Спасовски со свој потпис го назначил Бесфор Аме, кој одлежал затвор за криумчарење, на командирска позиција на ГБ Блато