ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
-150 гр шеќер
-2 лажици мед
-100 мл кока кола
-150 гр маргарин
-200 гр чоколадо
-200 гр мелени бисквити
-50 гр потпечен сусам
Поврзани објави
-50 гр потпечени крупно мелени или сечкани лешници, ореви или мешан
-Околу 200 гр чоколадо за глазирање
ПОДГОТОВКА
1. Се топат чоколадото, маргаринот и медот, па се додава кока колата.
Кога малку ќе олади во него се додаваат и останатите состојки и се убаво се меша.
2. Смесата можете да ја калапите во силиконски модли или во триаголник калап.
Ако се решите за модли, земете го наједноставниот начин.
3. Стопете го чоколадото и во секое калапче ставете по едно лажиче чоколадо, па потоа по едно лажиче од тоблероне смесата. Најгоре затворете пак со чоколадо и оставете да се зацврснат во фрижидер пред да ги извадите од калапите.
4. Доколку се решите смесата да ја ставите во триаголник калап, ќе ви требаат два такви, има два начини за обложување.
Првиот е да ја ставите смесата во калапот и откако ќе се здрви да ја чоколадирате, а вториот е откако ќе ја обложите со стреч фолија, три пати да ја премачкате по ѕидовите со слој од стопеното чоколадо.
Како и да се одлучите да ја спремите оваа тоблероне смеса, сигурно ќе добиете одлични и вкусни посни колачи.