Да ти се случи и на тебе да најдеш некој како што го најдов јас татко ти …
Објавено на 04/23/2024
После толку години дали уште ја сакате?
Го прашав чичкото од комшилукот.
Не би знаел да ти одговарам.
Знаеш, тоа е пола век како јас таа жена ја гледам секој ден.
Првиот мој поглед е наменет за неа, моето добро утро е она.
Навикнати сме еден на друг. Лековите ме чекаат на масичката поред креветот, ручекот кога ќе се вратам од прошетката.
Вечерите веќе со години наменети за некоја серија која сум ја засакал поред неа, ден како ден, но успева после толку години да ме направи среќен човек.
Било каква ситница, може обичен колач од малина или нашата прошетка покрај Вардар мене ми е доволна.
Реченицата која и ја изговори на нашата ќерка Ана ден денес ми е во глава.
” Да ти се случи и на тебе да најдеш некој како што го најдов јас татко ти”.
Една реченица во која целиот свет застанува.
Се што сум поминал во животот, сум поминал со неа.
Цела таа среќа, тага, се е тоа наше, секаде неа ја има.
Не би го нарекол јас тоа љубов, тоа е сепак нешто многу повеќе, нешто што мораш да го поминеш. Не се објаснува со зборови…
Автор: Дејан Велевски