Почетна СветНовогодишни пакетчиња за Македончињата во Требиште Голо Брдо од „Свети Спас” од Скопје

Новогодишни пакетчиња за Македончињата во Требиште Голо Брдо од „Свети Спас” од Скопје

од nenad
1 минути читај за

Македонско друштво „Илинден“-Тирана во соработка со Ракометниот клуб „Енхалон“ од Струга и поддршка од Хуманитарна организација „Свети Спас” од Скопје, денеска распределија новогодишни пакетчиња за деца во Требиште, област Голо Брдо, Албанија.

-Посебно задоволство е што можевме да ги израдуваме Македончињата во административната единица Требиште во областа Голо Брдо, каде распределивме 50 новогодишни пакетчиња донација на организацијата „Свети Спас”, за што изразуваме голема благодарност, рече за МИА, Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Тоа, додава, е во рамки на воспоставената соработка меѓу друштвото и ракометниот клуб од Струга.

Донацијата на администраторот на административната единица Требаше Едмонд Османи му ја предаде претседателот на РК „Енхалон” Дејан Костески.

– Имавме срдечна средба со Костески на која разменивме мислења по повеќе прашања а разговаравме и за други активности кои планираат да ги реализираат. Потоа заедно ги поделивме новогодишните пакетчиња на радост на нашите деца. Им благодарам за покажаното внимание, изјави за МИА, Османи.

Инспирирано од: infomax.mk

Leave a Comment