Почетна МакедонијаЗА КОГО ОДРАБОТУВА ЛАТАС ВО МОМЕНТОВ, ЗА СДСМ ИЛИ ЗА ВМРО ДПМНЕ?!?!

ЗА КОГО ОДРАБОТУВА ЛАТАС ВО МОМЕНТОВ, ЗА СДСМ ИЛИ ЗА ВМРО ДПМНЕ?!?!

од nenad
1 минути читај за




Латас е јавен подржувач на ВМРО ДПМНЕ и неговите ставови секогаш се земаат како неофицијален став на ВМРО ДПМНЕ, но тој не крие дека е и личен пријател со генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Но тој сега е маргинализиран, не е уредник на ниту една телевизија или весник и ја нема таа моќ што ја имаше порано кога уредуваше најгледани вести, па дали е можно неговите настапи овие денови да се нарачани токму од СДСМ?!? Да излезеш на Канал 5 и во најгледаната емисија да кажеш дека Фуркан Салиу треба да биде претепан како Саше Политико на времето и дека Саше Политико треба да биде уапсен како Фуркан Салиу, ти со тоа најавуваш и се закануваш дека ВМРО ДПМНЕ ќе владее како во времето на Груевски, тоа во чиј интерес е на само 20 дена пред избори?!?! Дали е во интерес на ВМРО ДПМНЕ народот да се исплаши дека Груевизмот се враќа или е тоа во интерес на СДСМ?! Многу сомнително, ако ова не е нарачка од СДСМ тогаш Латас има остарено и има изгубено осет за ПР и медиуми, значи човекот е веќе стасан за пензија, повеќе штета прави од корист за својата кауза.