Почетна МакедонијаАгрон Демири: СДСМ им дава шанси на младите

Агрон Демири: СДСМ им дава шанси на младите

од nenad
1 минути читај за

Јас во време на моите студии бев избран за претседател на студентите и тоа е исто како во политиката. Односно, гласан си од сутендите како што се гласа на избори, исто се бавиш со структруи како влада и Собранието, истакна Агрон Демири коносител на лисите на СДСМ во ИЕ 6 во интервју за „Слободен печат“ запрашан за неговите мотиви за влез во политиката.

„Секогаш сум бил со став дека младите треба да се вклучат во политика, преку политика побрзо може да ги решиме проблемите. Јас имам многу блиски другари кои ме поддржуваат, некои викаат дека не ме интересира политика, но некои се распрашуваат. Не велам дека секој треба да се занимава со политика, но ние ја гледаме само политиката на старите. Сепак СДСМ дава шанси на младите јас не сум единствен млад на лисите на СДСМ, има многу млади носители на одлуки и многу млади кои ќе бидат на позиции после 8 мај“ рече Демири.

   

Тој посочи дека тоа е негова лична мисија преку младински активизам да влезе во политика и утре да ги поддржува идните младински активисти.

„ Но јас не разговорам само со млади, разговарам со сите граѓани, им укажувам дека ова е клучен момент за нашата држава и затоа ја барам поддршката од секој еден човек“ посочи Демири.

Повеќе од интервјуто со Демири во видеото во продолжение…