Почетна ПопуларноТлото во Грција не престанува да се тресе: Регистрирани два земјотреси над 4 степени

Тлото во Грција не престанува да се тресе: Регистрирани два земјотреси над 4 степени

од nenad
1 минути читај за

Два земјотреси, секој со магнитуда над четврти степен, се регистрирани изутрината во различни региони на јужна Грција.

Посилниот земјотрес бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала и се случил во морето кај полуостровот Пелопонез во 7:30 часот, а неговиот епицентар бил на 52 километри јужно од градот Метони, а длабочината на фокусот ја пресметал грчкиот институт за геодинамика на 17 км.

Другиот земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, кој исто така беше на брегот, имаше епицентар на 39 километри северо-североисточно од градот Неаполи во префектурата Ласити на островот Крит. Потресот е регистриран во 10:12 часот по локално време.

Инспирирано од: infomax.mk