Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ не крие колку е среќна откако е во врска со Јосип Плавиќ.
НАВИСТИНА МИ Е ТЕШКО ДА ЗБОРУВАМ ЗА ЈОСИП ЗАТОА ШТО НИКОГАШ НЕ СУМ ИМАЛА ШАНСА ДА ЗАПОЗНААМ ТАКВА ЛИЧНОСТ. ТОЈ Е МОЕ ЗАСОЛНИШТЕ, МОЕ БЕЗБЕДНО ПРИСТАНИШТЕ И МОЈА ПОДДРШКА“, Изјави пејачката за „СТОРИ“.
Поврзани објави
Инаку, Плавиќ неодамна ја напушти полицијата и повторно го обедини стариот бенд „Изван закана“. По 16 години, тие повторно снимаат нови песни. Плавиќ во оваа прилика за тамошните медиуми зборуваше и за можна соработка со неговата партнерка.
За нивната врска се дозна на почетокот на минатата година. Мартиновиќ потоа рече дека се запознала со Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел жалба за кражба на идентитет преку Интернет во 2022 година. Полицијата брзо го решила случајот, а тие двајца продолжиле да се дружат.
Ова е прва јавна врска на Данијела Мартиновиќ откако во 2021 година ја прекина 24-годишната врска со Петар Грашо