Како што се наближува 8 Март…
Јована се огласи преку својот Инстаграм профил и уште еднаш повтори што не би сакала да добие за Денот на жената.
Водителката на утринската програма на телевизија Пинк, Јована Јеремиќ, не крие дека сака да добива скапи подароци.
Како што се наближува 8 Март, односно Денот на жената, Јована се огласи преку својот Инстаграм профил и посочи што никогаш не би сакала да добие на подарок.
Имено, Јеремиќ пред роденденот спомена дека не сака цвеќиња и дека не обожава многу гости, а сега тоа го повтори пред празникот на жената.
Поврзани објави
„Што се однесува до мене, ни случајно не ми купувајте цвеќе за 8 март. Со оглед на тоа дека секогаш знам што сакам и дека сум практична и директна жена, веднаш треба да си знаете, да нема грешки. Не сакам цвеќе и од секогаш е забрането да ми ги носат за роденден, а така ќе биде доживотно“, напиша Јована Јеремиќ на својот Инстаграм профил.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: