Почетна Убавина и здравјеПоучна приказна која ќе ве убеди дека секое лошо носи и нешто добро

Поучна приказна која ќе ве убеди дека секое лошо носи и нешто добро

од nenad
1 минути читај за

Што и да ви се случи, знајте дека постои добра причина за тоа. Оваа приказна носи поучна порака дека никогаш не треба да очајуваме и да веруваме дека дошол крајот на светот, без разлика низ што поминуваме. Утре е нов ден.

Во една богата земја живеел моќен крал. Тој имал свој верен слуга кој го следел секогаш и секаде, а бил познат по тоа што постојано му велел: „Никогаш не знаете какво добро ќе ви донесе тоа“. Бидејќи кралот често запаѓал во различни непријатности, почнал малку да се фрустрира од изреката која слугата без прекин ја повторувал.

Еден ден кралот со својата придружба отишол на лов за да ја испроба својата нова пушка. Поради неисправност на пушката, при пукањето тој изгубил еден прст на раката. Слугата како и секогаш рекол: „Ваше височество, немојте да се вознемирувате, никогаш не знаете какво добро ќе ви донесе тоа“. Кралот се налутил и засекогаш го протерал својот слуга од неговото кралство.

По кратко време кралот со брод тргнал на патување, сакајќи да го запознае светот. Во текот на патувањето ги снашла голема бура и кралот заедно со својата придружба доживеале бродолом. Невремето ги исфрлило на остров населен од човекојадци.

Продолжува на следната страна: