Почетна МакедонијаТИНЕЈЏЕР ОД КАВАДАРЦИ ОШТЕТИЛ СОГРАЃАНИ: Им ги сликал банкарските картички и крадел пари од сметките

ТИНЕЈЏЕР ОД КАВАДАРЦИ ОШТЕТИЛ СОГРАЃАНИ: Им ги сликал банкарските картички и крадел пари од сметките

од nenad
1 минути читај за

Tинејџер од Кавадарци сликал банкарски картички од сограѓани по што им крадел пари од сметките. Од СВР Велес велат дека ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе писмено известување за 17-годишник, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.

   

„Имено, на 23.01 2024 во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8.948 денари“, велат од полицијата. Тој на 26 јануари годинава на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции, се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари.