Почетна ТехнологијаПРОФЕСОРКАТА АНА ПАВЛОВСКА-ДАНЕВА ИЗБРАНА ЗА УСТАВНА СУДИЈКА СО 65 ГЛАСА „ЗА“ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ, ЌЕ СЕ БИРА И ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ

ПРОФЕСОРКАТА АНА ПАВЛОВСКА-ДАНЕВА ИЗБРАНА ЗА УСТАВНА СУДИЈКА СО 65 ГЛАСА „ЗА“ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ, ЌЕ СЕ БИРА И ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ

од nenad
1 минути читај за




По гласањето Павловска-Данева даде свечена заклетва (Фото: Принтскрин од видео)
Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Ана Павловска-Данева е избрана за уставна судијка, со 65 „за“ и 26 „против“, денеска во Собранието на 140-та седница.
По гласањето Павловска-Данева даде свечена заклетва. Таа е деветтиот уставен судија, со што овој суд сега е комплетен.

   

Претседателот на Собранието Јован Митрески кажа дека на професорката, односно на уставната судијка Павловска-Данева, ѝ престануваат сите останати професионални активности.
Мандатот на уставните судии е 9 години.По оваа точка, пратениците се префрлија на следната – избор на Јавен обвинител на Македонија. Владата предложи еден кандидат, обвинителот Љупчо Коцевски.