Познатиот музичар „пука“ на големо…Јавниот сервис на Србија на почетокот на септември распиша конкурс за избор на композиција која ќе ја претставува Србија на Евровизија, а сега е познато дека помеѓу 900 пријави, се наоѓаат и Драган Којиќ – Кеба, Гордана Лазаревиќ, но и Саша Поповиќ.Наводно, помеѓу пријавенит е и Александар Симиќ. Учесник во „Ѕвездите на Гранд“, чиј ментор беше Драган Стојковиќ Босанац. На него музички идол му е Здравко Чолич, а во натпреварувањето изведуваше оперски арии.Саша Поповиќ му вети дека има песна за него за на Евровизија, но сега е непознато со кого ќе настапува тој во дует. Поврзани објави„Постои песна која ја чувам 11 години, тоа е песна која ќе биде наменета за тебе, без оглед дали ќе испаднеш во овој круг или одиш понатаму. Тоа е дуетска песна која ќе ја пееш со уште едно момче од „Ѕвездите на Гранд“, нема да кажам кое ќе биде тоа и таа песна ќе ја пријавиме за следната година за избор за песна на Евровизија. Сигурен сум дека РСТ ќе ја прифати таа песна“ – изјавил Поповиќ, а Александар се шокирал и се заблагодарил и признал дека Евровизија е неговиот најголем сон.
Чувал песна стара 11 години, а еве кој избрал тој да ја пее! (ФОТО) – Убавина и здравје
86