Почетна СветЛидерот на Хамас Јахја Синвар додаден на листата со терористи на ЕУ

Лидерот на Хамас Јахја Синвар додаден на листата со терористи на ЕУ

од nenad
1 минути читај за

Европскиот совет денеска соопшти дека на списокот на терористи го додал Јахја Синвар, лидерот на политичкото крило на палестинскиот Хамас.

„Денеска, Советот одлучи да додаде едно лице на листата на терористи на Европската унија. Оваа одлука е дел од одговорот на Европската унија на заканата од Хамас и неговите брутални и неселективни терористички напади во Израел на 7 октомври 2023 година“, се вели во соопштението.

Се додава дека од денеска на Синвар му се замрзнуваат сите средства и други имоти во земјите членки на Европската Унија.

„Покрај тоа, на операторите од ЕУ им е забрането да му ставаат на располагање средства и економски ресурси“, соопшти Европскиот совет.


Post Views:
29

Извор : vesnik-ilinden.com

Лидерот на Хамас Јахја Синвар додаден на листата со терористи на ЕУ