Почетна ТехнологијаПронајден велешанец во тешка состојба на улица, починал во болница, бил бездомник

Пронајден велешанец во тешка состојба на улица, починал во болница, бил бездомник

од nenad
1 минути читај за

Му била укажана прва помош, а но состојбата му се влошила, по што починал.Од ЈЗУ Општа болница Велес за „Фокус“ велат дека пациентот бил во запуштена состојба, со повреда на главата и дезиориентиран.

   

-Од Одделот за Интерни болести пациентот беше преместен на хирургија, но состојбата му се влошила, и покрај вложените напори од медицинскиот тим, тој починал. Побаран е Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција, ни изјави портпаролката на болницата, Марина Андова.И од СВР Велес го потврдија случајот.

-На 14.01.2024 во 09.40 часот во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Велес во тешка здравствена состојба бил донесен В.С.(48) од Велес, кој набргу починал. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилстово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција – соопштија од таму.Како што неофицијално дознаваме, станува збор за бездомник. Тој бил пронајден на улица, пред угостителски локал.