Почетна МакедонијаЗа Божиќ во Прилеп 400 деца седнаа на заеднички ручек

За Божиќ во Прилеп 400 деца седнаа на заеднички ручек

од nenad
1 минути читај за




Фото: МИА
Под мотото „Едно небо за сите деца во светот“ во Прилеп по 18-ти пат се одржа традиционалниот Божиќен ручек, на кој на заедничка трпеза седнаа околу 400 деца од социјално ранливи групи, деца без родители, од згрижувачки семејства, на бранителите, од социјално загрозени семејства, од домовите за згрижување и од верските заедници.

   

Вредностите кои се промовираат преку овој Божиќен ручек се еднаквост, толеранција, љубов и мир помеѓу децата. Тоа значи децата да се почитуваат меѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранциојата и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество, рече Александра Северкоска Стојаноски од невладината „Детска амбасада за сите деца во светот“.

Владиката Петар го благослови Божиќниот ручек за децата и порача дека треба да се раководиме од искреноста на децата и така да ги усогласиме постапките.
Од градските власти на Прилеп децата добија новогодишни пакетчиња со желби за безгрижно детство.