Позитивното размислување за студените месеци може да ви ја подобри и општата здравствена состојба во текот на зимската сезона.Истражувањето на истражувачите од Универзитетот Станфорд во САД и од Универзитетот Тромсе во Норвешка, спроведено во 2020 година, покажа дека жителите во северна Норвешка имаат исклучиво позитивни ставови за зимата, па затоа манифестираат големо задоволство од животот и поинтензивни позитивни емоции – и покрај познатите сурови зимски услови во таа земја. Затоа, доколку не сте љубител на зимата, време е да го смените таквиот став во интерес на здравјето, пред сè. Еве како!1 Направете удобна оаза во домот. Завивањето на ветровите, па и најлудата лапавица, полесно ќе ги поднесете ако сте под ќебенце и имате покрај себе топла напивка. Затоа, завиткајте се во топла прекривка и препуштете им се на страниците на некоја добра книга.2 Прифатете ја зимата како доба на мирување. Наместо да ѝ се спротивставувате, пронајдете радост во тоа што заедно со природата влегувате во посмирена фаза. Искористете го мирот грижејќи се за себе – медитирајте, уживајте во топли купки или водете дневник.3 Добро опремете се и – правец надвор! Со топли и удобни зимски чизми и добра јакна, навистина ќе уживате во прошетките и во времето поминато на свеж воздух исто како и за време на топлите месеци. Престојот на отворено, дури и кога времето е студено и облачно, има позитивно дејство на вашата енергија и го подобрува квалитетот на сонот, тврдат експертите. Дишењето на студен воздух и набљудувањето на снежната прекривка ќе ви донесат наплив на нова енергија.4 Влијајте на својот циркадијален ритам. „Зимскиот блуз“ или сезонското афективно нарушување е одговор на организмот на поместувањето на нашиот телесен часовник, предизвикано од скратувањето на денот меѓу летниот и зимскиот период. Затоа, пробајте терапија со интензивна светлина веднаш по будењето – за да се приспособите на оваа промена. Поврзани објавиТерапијата со светлина покажа антидепресивно дејство што е еднакво силно како и антидепресивите. Започнете со оваа рутина наесен, кога сонцето почнува да изгрева подоцна, а пред да настапи опаѓање на расположението. Прашајте го својот терапевт или лекар колку минути светлина на ден ви е доволно.5 Предизвикајте го умот (и нахранете ја душата) со ново хоби. Во зима, често престануваме да се занимаваме со работите што ги сакаме, па затоа сме нерасположени и мрзоволни. Затоа, експертите советуваат да пронајдеме активност што ни носи животна радост – ново хоби, како што се сликање, готвење, некој занает или модифицирајте ја омилената активност така што да иде изводлива и во зима. На пример, ако сакате да планинарите – купете чизми за снег, ако сакате да пливате – пливајте во затворен базен.6 Истражете го растителниот свет. Гледањето во зеленило помага во одржување на доброто расположение, велат психолозите. Одгледувајте зачински билки на прозорецот во кујната или додајте уште една билки во аголот на вашата дневна соба.7 Креирајте лична традиција. Размислете за своите позитивни асоцијации на зимата. Можеби имате убави спомени од зимскиот распуст поминат на планина или од чајчето испиено во бачилото на некој ски-центар. Тоа се посебни искуства на кои треба да им се радувате.Текст: Бојана Стојменовиќ
Здравјето + студот = 7 начини да ја засакате зимата – Убавина и здравје
89