Почетна Убавина и здравје„Сакам да живеам“ – Убавина и здравје

„Сакам да живеам“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за


Шенон Доерти, која публиката ја засака како ѕвезда на серијата „Беверли Хилс“, боледува од рак, кој сега е во четврта фаза, а честопати ги споделува деталите од својата битка со болеста, испраќајќи силни пораки до многумина кои се соочуваат со овој проблем.

На глумицата своевремено ѝ беше дијагностициран рак на дојка, кој сега се проширил и на коски, а за ова Шенон јавно прозборе.

 


Поврзани објави

Оваа исповед ја искористи за да ги мотивира луѓето ширум светот да не губат надеж и секогаш да веруваат во оздравување, без разлика на тоа колку прогнозите се лоши.

Сакам уште да живеам. Не завршив со животот. Не завршив со љубовта. Не завршив со создавањето. Не завршив со ‘се надевам дека ги менувам работите на подобро’, вели Шенон за „Пипл“, а потоа додава:

Едноставно не сум завршила“.