80
Неодамна во Катар беше организирана спектакуларна ревија „Катар фешн јунајтед“ на која учествуваше познатата бразилска манекенка Адријана Лима. Тоа беше нејзино прво појавување на пистата по раѓањето на нејзиниот син Сајан во септември оваа година. Поврзани објавиЛима се истакна на пистата – таа е родена за тоа. Манекенката прошета во бела луксузна тоалета, украсен со максимално висок шлиц. Доминираше на пистата, исто како и досега, пред кратката пауза што ја направи поради третата бременост, а потоа и раѓањето на синот.