Почетна МакедонијаАмериканците може да побараат податоци и за предмети на СЈО кои немаа епилог, вели Туфегџиќ

Американците може да побараат податоци и за предмети на СЈО кои немаа епилог, вели Туфегџиќ

од nenad
1 минути читај за

Очигледно е дека предмет на интерес се финансиските истраги за сегашните и поранешните функционери и во таа смисла нема да биде изненадување да бидат побарани податоци и известувања за предмети кои беа предмет на истрага во СЈО, а дел од нив немаа свој епилог.Во секој случај повеќе од јасно е дека нивното постапување и учество во идните финансиски истраги против актуелни и поранешни функционери ќе биде во рамките на законот, меѓународната правна помош, но во исклучива ингеренција за постапување на нашите надлежни органи и пред домашните судови, објаснува поранешниот судија.Американскиот тим за санкции дојде во Македонија и си замина, а по неговото заминување беше објавено дека клучниот случај на поранешното СЈО за масовното прислушување, во којшто беше обвинет поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, падна пред Апелацискиот суд.