Општина Аеродром реагира на прес-конференцијата на директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, со обвинување дека пласирал неточни информации во јавноста и ја префрлил одговорноста за необезбедената дупка на кејот на Вардар.„Доколку Ангелов ги познаваше законите ќе знаеше дека обврска на институцијата која тој ја води е да ги координира надлежните институции во процесот на управување со кризи. Координација помеѓу државните институции подразбира писмена комуникација, активна соработка и редовни состаноци, а не прес-конференции и јавни паради. Дополнително, Директорот на ЦУК треба да знае и дека надлежност за решавање на проблемот кој тој го посочи има исклучиво градот Скопје“ се наведува во реакцијата од Општина Аеродром.
Надлежноста за неоградената дупка покрај Вардар е на Град Скопје, реагираат од општина Аеродром
85