Жена ЛАВ
Лавицата во хороскопот лесно ќе ја препознаете во толпата со други жени. Таа е олицетворение на горда жена со став и храброст што никој друг не ја поседува. Таа сака да биде во центарот на вниманието во секој можен момент. Таа едноставно има нагон секогаш да се наметне пред другите луѓе.
Сепак, жената Лавица е навистина прекрасна. Таа е посебна жена и, пред сè, најдобра пријателка. За луѓето што ги сака, таа би направила се што може на овој свет. Затоа, ако имате Лавица близу вас, сметајте се за најсреќна личност на светот.
Освен прекрасна пријателка, таа е извонредна љубовница. Таа на својот близок ќе му ја даде целата енергија, страст, љубов и нежност на овој свет. Таа е нежна и грижлива дама и неверојатно страсна жена полна со оган.
Во бизнисот, работи до својот максимум. Кога ќе постави цел, таа нема да се откаже од тоа, без разлика колку пречки има пред неа. За неа, ниту една цел не е доволно напорна и невозможна. Кога таа сака да има нешто и да го постигне тоа, ќе оди до крајот на светот, за на крајот да ја добие.
Продолжува на следната страна: