Некогаш и секунди значат живот…
Ѕвездата н Гранд продукција Тамара Драгиќ доживеа сообраќајна несреќа во Белград.
Ѕвездата на Гранд продукција Тамара Драгиќ доживеа сообраќајна несреќа во Белград. По немилиот настан Драгиќ се огласи на својот Инстаграм профил каде сподели фотографија од уништениот автомобил со порака во која објаснува што всушност се случило.
Поврзани објави
„Животот е составен од низа моменти, а само еден е доволен да ви го промени животот. Господ не спаси денеска, без сериозни последици сум и јас и луѓето од други коли“, напиша Тамара Драгиќ и додаде:
„Живееме брзо, не сме присутни во моментот и последиците од тоа можат да бидат фатални. Бидете внимателни во сообраќајот! Обрнете внимание на другите учесници во сообраќајот и следете ги правилата. Ништо не е повредно од животот“, напиша таа.
Фото: Инстаграм