Оптиката денес е многу повеќе од диоптрија — таа е технологија што го следи секој ваш поглед, секој ваш чекор и секој момент од денот! На Профемина 2026, Бојан Ангеловски од Оптики Призма откривa како современите оптички стакла се приспособуваат на вашите навики и зошто вистинскиот избор прави разлика во секојдневното гледање. Една диоптрија, илјада потреби — откријте ја моќта на оптиката што гледа подалеку од бројките!
Еден ден, илјада погледи — дали вашите стакла одговараат на вашиот животен ритам? На Профемина 2026, оптиката е во фокусот со разговорот што го менува начинот на кој размислуваме за очилата и грижата за видот. Зашто зад секој поглед стојат различни навики, потреби и предизвици, а вистинскиот избор на стакла прави разлика во секојдневието.
На сцената, Бојан Ангеловски од Оптики Призма, тим со повеќе од 18 години искуство, открива како современата оптика нуди решенија приспособени на индивидуалниот животен ритам и зошто истата диоптрија не значи и исти потреби.
Време е да погледнете подалеку од бројките и да ја откриете моќта на оптиката што го следи секој ваш поглед!
Кога некој ќе влезе во оптика, еве признавам и јас го правам истото, прво ги гледаме очилата — многу очила, преубави. Како да го одбереме она најубавото што нам ќе ни се допадне? Не помислуваме на ништо друго. Секојдневна појава, непобитен факт е како ни стојат, како изгледаме — факт којшто никогаш нема да го елиминираме, поготово за нашите ценети клиенти… Меѓутоа, почнуваме да поставуваме незгодни прашања: за што се користат очилата? Кои се вашите секојдневни активности и во кои активности чувствувате најголеми проблеми? Ќе се потрудиме силно, како што се трудиме и секој ден, да дадеме до знаење дека очилата, освен што се моден додаток, се сериозна потреба за решавање на проблеми со видот. Во огромен процент се случува по извесно време разговорот да прејде во конверзација којашто трае можеби повеќе од половина час или 40 минути со потенцијалниот клиент — дури и да не биде купувач — за да биде информиран како понатаму… да се соочи со тој факт и после да се врати“, вели Бојан Ангеловски од Оптики Призма
Кога станува збор за врвниот квалитет и традицијата во изработката на стакла, од „Оптики Призма“ ја нагласуваат улогата на јапонскиот бренд HOYA и нивниот уникатен пристап.
Поврзани објави
На Профемина 2026, преку ситуации од секојдневието, откриваме што навистина стои зад изборот на вистинските оптички стакла — од офис-стакла за работа на компјутер и сончеви очила со диоптрија до заштитни слоеви и јапонската оптичка технологија на HOYA.
HOYA е јапонски бренд кој сериозно и долги години учествувал во многу прецизни апаратури и препарати за медицината, со што го создале ова што денес е HOYA. Тие го измислиле првиот антирефлексен слој нанесен на минерални стакла, па замислете колку треба да биде убеден брендот во својот производ за да даде дури тригодишна гаранција. HOYA, како бренд со многу поголема традиција, пристапува персонализирано, а така пристапуваме и ние, создавајќи убава интеграција со нивниот персонализиран пристап тука во Призма.“
Разбиваме митови за популарните „блу“ стакла и откриваме зошто точната диоптрија е само почетокот, а не и целата приказна.
Забораваме за момент на лошите влијанија кои ги имаат тие електронски уреди, па затоа кај офис стаклата сериозно ги охрабруваме потенцијалните корисници да размислат за заштитни слоеви. Имаме заштитен слој кај HOYA популарно наречен Blue Control кој го неутрализира влијанието на електронските уреди кои е асоцирана дневна светлина. Еве и јас сум тој: пред легнување телефонот во рака, темно е секаде, телефонот свети, па не можам да заспијам и не ми доаѓа сон. Факт, не ми доаѓа сон затоа што светлината што ја зрачи телефонот, лаптопот, компјутерот и лед сијалиците асоцира на дневна светлина. Информација преку мозокот до одозгора доаѓа дека сè уште е ден, па продолжуваш да се заморуваш. А кога ќе нанесеме заштитен слој кој ќе ги неутрализира тие фактори, многу побрзо ни се приспива и многу почесто трепкаме. А трепкањето е сериозен фактор за заштита на очите.“
Време е да ја запознаете оптиката од поинаков агол и да откриете како очилата се приспособуваат на вашиот животен ритам!
Профемина 2026 се одржува денес, 29 октомври, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, со почеток во 10:00 часот.
Фото: приватна архива