Почетна Убавина и здравјеНа Шакира ѝ се заканува затворска казна до осум години, затаила над 14 милиони евра данок

На Шакира ѝ се заканува затворска казна до осум години, затаила над 14 милиони евра данок

од nenad
1 минути читај за

Постојано е во проблеми


Шпанскиот обвинител поднесе второ даночно обвинение против колумбиската пејачка Шакира, обвинувајќи ја за измама на државата од 6,6 милиони евра во 2018 година.

Познатата кралица на латино попот веќе треба да оди на суд во ноември во Барселона за случајот со неплаќање даноци во висина од 14,5 милиони евра за периодот 2012-14 година, објави Ројтерс.
Иако таа негира дека сторила нешто лошо, таа може да биде осудена на осум години затвор.

Обвинителот во новиот случај тврди дека Шакира во 2018 година не пријавила, меѓу другото, добивка од 12,5 милиони долари како аванс за нејзината светска турнеја „Ел Дорадо“.


Поврзани објави

Во тоа време таа живееше во Барселона со Жерар Пике, ѕвездата на истоимениот клуб, со нивните две деца.

Обвинителите тврдат дека таа живеела во Шпанија и затоа била обврзана да плаќа данок на нејзините приходи таму, без разлика каде се остварени.

Наместо тоа, велат тие, таа ги пренасочила парите кон „компании со седиште во земји со ниски даноци“.