Почетна Убавина и здравјеПринцезата Јуџин успела да го убеди Леонардo ди Каприо да инвестира во компанија за вегански патики

Принцезата Јуџин успела да го убеди Леонардo ди Каприо да инвестира во компанија за вегански патики

од nenad
1 минути читај за


Холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо стана деловен партнер со пејачот-текстописец Џејмс Блант.

Тие инвестирале во LOCI – британски бренд на вегански патики – откако нивната заедничка пријателка принцезата Јуџин ги убедила да ја поддржат компанијата.

Извор за весникот „Сан“ изјави:

Јуџин со брендот ја запозна нејзината добра другарка Софија, сопругата на Џејмс. Заедно присуствуваа на настан за промоција на компанијата минатата година.Таа е поврзана со Лео преку некои нејзини холивудски пријатели и инспирираше да инвестира минатото лето.

Јуџин, како што тврди изворот, им ги претставила патиките на принцот Хари и Меган, како и на другите еко-френдли членови на кралското семејство.

Веганските патики всушност станаа популарни кај неколку членови на кралското семејство.

Ди Каприо е добро познат по својот еколошки активизам. Во 2016 година глумеше во документарен филм „Пред потопот“, кој се фокусира на климатските промени.