Почетна БалканРаботниците во автомобилската индустрија на САД заедно ќе штрајкуваат против големата тројка

Работниците во автомобилската индустрија на САД заедно ќе штрајкуваат против големата тројка

од nenad
1 минути читај за
t

Работниците во автомобилската индустрија на САД на заеднички штрајк во трите големи фабрики за автомобили во Детроит – Џенерал Моторс, Форд и Крајслер, со што го започнаа најголемиот работнички штрајк во последните неколку декади во САД.

Штрајкувачите од „детроитската тројка“ ќе го запрат производството на Форд Бронко, Џип Вранглер, пикапот Шевролет Колорадон и други популарни модели.

„За прв пат во историјата сите работници од големата детроитска тројка ќе штрајкуваме“, изјави претседателот на синдикатот. Додавајќи дека синдикатот ќе се воздржи од порадикален штрајк сега за сега, но се отворени за радикализација доколку не се постигне договор со раководството на компаниите во разумно време.