Почетна ВестиУапсени повеќемина поранешни припадници на Војската на РС поради учество во геноцидот во Сребреница

Уапсени повеќемина поранешни припадници на Војската на РС поради учество во геноцидот во Сребреница

од nenad
1 минути читај за




Припадниците на Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) по налог на Обвинителството на Босна и Херцеговина на подрачјето на Зворник, Шековиќ, Хан Пијеска, Власеница и Билеќа уапсија неколку лица осомничени за кривично дело геноцид, извршено во јули 1995 година, по падот на Заштитената зона на ОН Сребреница.

   

Уапсени се поранешни старешини и припадници на Војската на Република Српска. Тие се товарат за учество во заробување и убиство на околу седумдесет мажи и момчиња од бошњачка националност и една жена на 15, 19 и 23 јули 1995 година на локацијата Јаровље во Власеница и две локации на подрачјето Бишина-Шековиците.

Уапсените ќе бидат изведени пред обвинител, кој ќе ги испита и ќе одлучи за понатамошните активности во овој случај, соопшти Обвинителството на Босна и Херцеговина