Почетна ЕкономијаПесков: Русија е загрижена поради најавената заедничка воена вежба на Ерменија и САД

Песков: Русија е загрижена поради најавената заедничка воена вежба на Ерменија и САД

од nenad
1 минути читај за

– Плановите на ерменските власти да одржат заедничка воена вежба со САД предизвикува загриженост, посебно во актуелната ситуација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој истакна дека Русија ги анализира информациите и ја следи ситуацијата.

Изјавата на Песков уследи откако ерменското Министерство за одбрана денеска најави дека припадници на ерменската и американската армија следната недела ќе одржат заеднички воени вежби во Ерменија.

– Како дел од подготовките за учество во меѓународните мировни мисии, од 11 до 20 септември во Ерменија ќе се одржи заедничка вежба меѓу Ерменија и САД „Орел партнер 2023“, се наведува во соопштението.

Министерството посочува дека целта на вежбата е зголемување на интероперабилноста на единицата што учествува во меѓународни мировни мисии, размена на најдобри практики во контролата и тактичката комуникација, како и зголемување на подготвеноста на ерменската единица за планираната евалуација од програмата на НАТО „Партнерство за мир“.

 ми/фото: ЕПА .

Извор: МИА