Почетна Убавина и здравје„Најголемата лекција што ја имам научено е да кажам ‘НЕ’“ – Убавина и здравје

„Најголемата лекција што ја имам научено е да кажам ‘НЕ’“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Дознајте како Мартина Трајаноска ја одговори нашата верзија на Прустовиот прашалник

Еден од најдобрите начини да се запознае одредена личност е Прустовиот прашалник на францускиот есеист и новелист Марсел Пруст. Ова е нашата верзија на познатата алатка за разоткривање на човечката природа, а овој пат одговараше блогерката за храна Мартина Трајаноска, која е позната по своите вкусни рецепти на инстаграм-профилот @martinascookingg.

1. Најголемиот тренд моментално е… да се патува во Италија :).

2. Личноста на која најмногу ѝ се восхитувам е… мајка ми!

3. Се издвојувам од другите зашто сум… секогаш позитивна

4. Убавина е… мирен и среќен живот

5. Се грижам за моето здравје така што… пијам многу вода

6. Мојот животен стил би го опишала како… хаотичен, но благословен.

7. Ме нервира кога… луѓето се негативни.


Поврзани објави

8. Среќна сум кога… патувам.

9. Талент што би сакала да го поседувам е… телепортирање.

10. Мојот најголем страв е… да ги изгубам блиските.

11. Веднаш би се преселила во… не би се преселила.

12. Најголемата лекција што ја имам научено е… да кажам „не”.

13. Љубов се… малите гестови.

14. Тајна што никој не ја знае е… не готвам/снимам во кујна.

15. Омилен сегмент од „Убавина и здравје“ ми е… делот за храна.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

АНА МАРИЈА КУЗМАНОВСКА: „Најголемата лекција што ја имам научено е никогаш да не се потценувам“