Ќерката на пејачката и актерка Оливија Њутн-Џон, Клои Латанци, јавно ја објави својата лоша здравствена состојба, една година по смртта на својата славна мајка.
Триесет и седумгодишната пејачка и актерка рече дека страда од губење на меморијата откако ја загуби мајка си минатата година, додавајќи дека и самата се бори да стане од кревет.
Не сум добро. Страдам од губење на меморијата и тешко ми е да станам од креветот. Се запоставив себеси – објаснила ќерката на Оливија Њутн Џон во видеото објавено на Инстаграм.
Поврзани објави
Една од најголемите пораки на мајка ми беше дека треба да се грижам за себе. Така, ќе ме нема околу три недели бидејќи ми се јавуваат здравствени проблеми во умот и телото – рекла Клои и им се извинила на семејството и пријателите што не исполнила „некои обврски и додала дека се надева дека по враќањето од одморот ќе биде подобро.”
Му се радувам на враќањето на силите. Се гледаме на прошетката! – додаде таа, осврнувајќи се на годишниот настан на нејзината мајка „Walk for Wellness“, кој ќе се одржи по 10-ти пат во Мелбурн овој октомври.
Целта на настанот е да се соберат средства за нејзината фондација за истражување на ракот и на другите малигни заболувања.
Клои е единственото дете на Оливија, а родена е во 1986 година, за време на нејзиниот прв брак со актерот Мет Латанси.