Почетна ВестиГРУБИ: МИЦКОВСКИ ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА, СО ЕСКОБАР НЕ СЕ РАЗГОВАРАЛО ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

ГРУБИ: МИЦКОВСКИ ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА, СО ЕСКОБАР НЕ СЕ РАЗГОВАРАЛО ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

од nenad
4 минути читај за

Почитувани,
Во продолжение ќе најдете видео и пишан материjал од новинарски прашања од страната на Првиот потпретседател на Владата, г-дин Артан Груби денес по отварање на третото издание на настанот “Светлината на Гонџе” во Скопје.
Што беше кажано и дискутирано на средбите со Ескобар и дали имате некои информации околу промените на ставот кај ВМРО ДПМНЕ?

   

На двете средби што ги имавме со г-дин Ескобар вчера и во владата и на прием во американската резиденција тука во Скопје, се разговараше околу интеграцијата на нашата земја во Европската Унија и огромната подршка што САД ја дава за да ја види нашата земја построена заедно со другите членки во Европската Унија, како и процесот на уставните измени при што се поздрави нели започнувањето на процесот и се изрази очекување дека ќе се заврши успешно со консенсуално гласање сите политчки парти во собранието при што нашата земја ќе ги продолжи преговорите и ќе започне отворањето на кластерите.

Меѓутоа ставот на ВМРО ДПМНЕ што го пласираше преку соопштение не преку изјави околу уставните измени, се зборуваше околу предвремените избори?
Не воопшто не се разговараше за превремни избори, се разговараше единсвено за успешно завршување на уставните измени, текничките уставни измени и прдолжување на европскиот пат на нашата земја. Се недевам дека ВМРО-ДПМНЕ која што има своја програмска определба да ја зачлени нашата земја во Европската Унија ќе смогне сили, ќе гласа и ќе го тргне ова прашања од дневно политичката агенда и ќе го стави ова прашање во државен интерес зашто тоа е интерес за сите граѓани, гледате веќе два месеци по усвојувањето на текничките амандмани на Уставот во Владата и во Собранието, апсолутно нема никаква дебата во однос на содржината на тие амандмани во општеството, нити од академската заедница, ниту од невладините организации, ниту од политичките парти туку дебатат се води единствени во однос на политичките прашања дали да се има предвремени избори дали да се формира ваква или таква влада а не по однос на тоа дали се добри или лоши, дали добиваме или губиме со усвојувањето на уставните амандмани, јас сум убеден дека ВМРО ДПМНЕ ќе смогне сили, има демократски капацитет, е европски ориентирана и ќе се надмине себеси ќе се прострои со Вашингтон и со Брисел заедно со граѓаните на нашата земја за да гласа за уставните измени.

А имате ли вие контакти со некој од ВМРО ДПМНЕ како вице премиер и како партија?
Имаме контакти, се видовме вчера на приемот, значи беше и претседателот на партијата и потпретседателот и уште двајца членови, се видовме и се поздравивме, имаше и средби минатата недела со Собранието, се обидуваме да ги убедиме иако јас знам длабоко сум убеден ги познавам дека и оние знаат дека текничката измена на уставот не и прави ништо лошо на нашата заедничка држава напротив и помага, и се надевам дека исто како и при менување на уставот во членувањето на нашата земја во НАТО ќе се најде начин не само со дел од пратениците туку со целата пратеничка група да одиме напред, па потоа можеме и истиот ден да гласаме за распуштање на собранието и да одиме на предвремени избори уште денот кога ќе гласаме за уставните измени, исто така сме подготвени како што кажавме да дадеме оставка сите заедно да се откажеме од прв албанец премиер на Владата на Република Северна Македонија само да ја видиме нашата држава зачленета во Европската Унија.

Вчера имаше уште еден обид на градоначалникот на Тетово да даде изјава пред знамето на Голема Аллбанија, зошто се продолжува со такви напори за нешто што веќе е минато?
Тоа е мали партии со големи комплекси, и се надевам дека никој од нас, ниту институциите ниту медиумите нема да им дадат можност да се факторизираат преку мали гестови да стануват големи парти, безпотребна еконографија која што служи на сите освен не ниту на албанците ниту на македонците и на било кој во нашата држава посебно не кога во нашата земја пристигна голем гостин од САД да ни даде подршка за ЕУ а ние да предизвикаме такво нешто за да је дефокусираме јавноста, тој настан тој вокабулар е само за самофакторизирање и служи на некои агенди кои што не го сакаат доброто ниту на албанците, ниту на македонците ниту на ниеден друг, затоа сметам дека треба да ги игнорираме како маргинални фактори во општеството и непотребни инциденти кои се апсолутно провокација еворпскиот пат на нашата земја.