98
Во делот на музичката програма најавени се настапи на Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд, Андријана Јаневска, Елена Велевска, Драган Темелковски – Џони, Рубин Благадуша, Кико и Тикса Бенд, како и диџеји.Ќе се промовира локална храна, а ќе се одржи и запознавање на најмалите со патот на пиперката од фарма до трпеза. Генерален спонзор на фестивалот е Кривогаштани промет, препознатлив по брендот Гурмано, а настанот е поддржан и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.