Почетна МакедонијаКолев: Никој во денешна Северна Македонија, не треба да има илузија дека, ќе ја поседува бугарската историја на Македонија

Колев: Никој во денешна Северна Македонија, не треба да има илузија дека, ќе ја поседува бугарската историја на Македонија

од nenad
1 минути читај за

„Во октомври 1903 година, во Софија се одржала импресивна жалосна поворка во спомен на жртвите од Илинденското – Преображенското востание, која одекнала низ Европа и САД. Во поворката се вклучиле над 15.000 учесници, со 70.000 илјади жители на главниот град.
Француското списание „L’Illustration“ со прекрасна гравура го запечатило за историјата почетокот на поворката, што започнала со црни знамиња и портретите на убиените бугарски револуционери од катедралата „Св. Александар Невски“ за да го обиколи целиот главен град. Во цела Бугарија се одржале панихиди за паднатите борци.

Длабоко импресиониран, американскиот новинар Фредерик Мур во својата книга „The Balkan Trail“ ќе напише:„Кога еден војвода умира во Македонија, следната недела во Софиската катедрала се служи голема богослужба за упокојување на неговата душа. Мали момчиња ангажирани во револуционерниот комитет носат насликани портрети на загинатите херои, покриени со платно за жалост, за да можат луѓето да ги видат кога ќе влезат во црквата. По богослужбата, мноштвото се собира на големиот отворен простор пред катедралата за да ги слуша говорите на членовите на револуционерниот комитет, кои понекогаш зборуваат од скалите на катедралата…“Ова е бугарската историја на Македонија и никој во денешна Северна Македонија не треба да има илузија дека ќе ја поседува…“, пишува Колев.