Почетна БалканПредупредување за можно невреме попладнево!

Предупредување за можно невреме попладнево!

од nenad
0 минути читај за
t
УХМР известува дека ќе продолжи периодот на многу топло време. Од утре во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со  пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Краткотрајно постабилно ќе биде во петок. Во овој период насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.