105
Академската средина и создавањето на услови за развој на студентите во идни квалификувани кадри кои ќе одговорат на потребите на пазарот на труд се клучни во создавањето на просперитетно и подобро општество. Во младите е моќта да создадат подобар свет. Затоа сите ние, пред сѐ како родители, студенти, професори, функционери, имаме одговорност да ги почитуваме потребите за континуирано унапредување и развој на современото образование, а со тоа и директно да влијаеме на квалитетот на живеење и подобра иднина за генерациите кои доаѓаат.