Почетна МакедонијаУбиен е Марван Иса, мозокот на нападот на Хамас на Израел од 7 октомври – велат САД

Убиен е Марван Иса, мозокот на нападот на Хамас на Израел од 7 октомври – велат САД

од nenad
2 минути читај за

Според Саливан, високиот функционер на милитантното крило на Хамас бил убиен во операција на израелските сили во Газа минатата недела.Сепак, соопштувајќи ја информацијата официјалниот претставник на Белата куќа додал:„Воен план не може да успее без интегриран хуманитарен и политички план“рекол Саливан.
Инаку, засега ниту Хамас, ниту Израел не го коментираат извештајот.

   

Иса, се наведува, дека е директно поврзан со одлуката за нападот на Израел што се случи на 7 октомври лани во кој беа убиени 1 140 луѓе, а стотици други завршија како заложници на Хамас во Газа. Нападот доведе до актуелната израелска офанзива во Појасот насочена против милитантната организија, но, во операциите досега животите ги загибија десетици илјади палестински цивили.

Според информациите се верува дека заменик-воениот лидер на Хамас во Газа бил убени пред една недела, во воздушен напад врз комплекс тунели под бегалскиот камп Нусерајт во централниот дел на Газа. Извештаите за смртта на Иса се појавиле во саботата, викендов.Експерти и поранешни разузнавачи, коментирајќи ги наводите за ликцидацијата на високиот воен командант на Хамас, велат дека нападот сугерира дека Израел добива информации од висок извор на милитантната организација.

„Израел требало да знае каде и кога се крие Иса, дека ќе остане таму извесен период за кабинетот ја одобори, а (изралеската војска) да ја започне и спроведе операцијата и требало да има потврда дека нема израелски заробеници во близина кои би се користеле како човечки штит – нешто што можел да го потврди само човечки фактор“,

изјавил поранешниот израелски разузнавач и регионален аналитичар, Ави Меламед.
Во меѓувреме палестинските здравствени власти под контрола на Хамас соопштија дека најмалку 20 лица биле убиени ноќеска во израелските воздушни напади врз градот Рафах и централниот дел на Појасот Газа.

Палестинската новинска агенција Вафа објави дека во разорна серија израелски воздушни напади ноќеска биле убиени голем број цивили, меѓу кои и жени и деца.Блинкен со надеж за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас пред претстојната посета на Блискиот ИстокСпоред извештатите, нападите се случиле во рафах, каде што загинале најмалку 14 цивили, и во куќа лоцирана западно од бегалскиот камп Нусеират.Агенцијата дополнително известува дека израелската артилерија продолжила со гранатирање на областите источно од бегалскиот камп Џабалија.Тврдењата, како што наведува „Гардијан“, засега не се потврдени од независни извори.