Почетна Балкан70 полицајци во потрага по исчезнатото лице од тетовско Теново

70 полицајци во потрага по исчезнатото лице од тетовско Теново

од nenad
1 минути читај за
t

ЦУК информира дека денеска во потрагата по исчезнатото лице од тетовско Теново се вклучени 70 полициски службеници кои ќе го пребаруваат теренот кај нивите и шумата во атарот на село Теново.

– Во случај и денеска ако нема траги од исчезнатото лице и не биде пронајдено, од 14.08.2023 година понеделник РЦУК Тетово ќе бара до ХЕЦ Маврово да го намали испуштањето на водата, а со тоа и да се намали нивото водата на Реката Вардар каде што ќе пребарува речното корито на реката Вардар, што поминува покрај самото село, велат од ЦУК.

Ситуацијата се координира и се следи од РЦУК Тетово кој ќе известува за подетални информации, согласно развојот на потрагата.