Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер вели дека е разочарана што корупцијата продолжува да биде број еден предизвик со кој се соочува Македонија.Беше и кога бев тука порано. Искрено има систематски проблем уште од независноста пред 31 година. Затоа не можеме да обвиниме само една Влада или институција. Тоа е одговорност на судството и секоја Влада и да бидеме искрени кон граѓаните, корупцијата не се случува сама од себе. Не можам само јас да бидам корумпирана. Тоа е производ на одлуки на поединци, граѓани и официјални лица, вели Агелер во вестите на Тв Канал 5. Амбасадорката е оптимистка и се надева на вистинска промена.Исто така верувам дека дел од евроинтегративниот пат ги адресира токму овие прашања и ќе ви биде од огромна помош, истакна Агелер
- Пожарот во Чешиново-Облешево се проширил во Пробиштип, ќе се гасне и со воздухоплови
- 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА МОЖЕ ДА ДОЈДАТ ЗА НАПЛАТА Толку „тежат“ побарувањата од арбитражните постапки што се водат против Македонија
- ПОДГОТВЕН НОВ ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА Нема да важи ни за Груевски, ни за функционерите, а ни за осудените за 27 април
- Мечка настрадала во сообраќајка, две лица се повредени