-Одбивноста кон војната ќе продолжи да го јаде руското раководство под постојаната државна пропаганда и практикувана репресија. Тоа незадоволство создава прилика која се појавува еднаш во генерација за нас во ЦИА и не дозволуваме да пропадне – изјавил Брнс, поранешен американски амбасадор во Москва, на предавањето на британската фондација Дичли во Оксфордшир, Англија.
Според него, како што пренесува хрватски Индекс, вооружениот бунт на платеничкиот водач Евгениј Пригожин го покажал корозивниот ефект од војната на претседателот Владимир Путин во Украина врз Русија.
-Зачудувачки е што Пригожин, пред неговите акции упати жестоко обвинение против лажното образложение на Кремљ за инвазијата на Украина и водењето на војната од страна на руското воено водство. Влијанието на тие зборови и тие постапки ќе биде присутни уште некое време и ќе биде жив потсетник за корозивниот ефект на војната на Путин врз сопственото општество и режим – рече Брнс.
Тој го опиша бунтот како „вооружен предизвик за руската држава“, но кажа и дека тоа е „внатрешна руска работа во која САД немаат и нема да имаат удел“.