75
Тој ја поздрави посредничката улога на Ердоган во врска со војната во Украина и посочи дека турскиот претседател „врши големи напори за решавање на различни проблеми во неколку наврати“. „Би биле заинтересирани да знаеме за што разговарале Ердоган и Зеленски. Тоа е важно“, рече Песков.
Предвидено е Зеленски вечерва да пристигне во Истанбул во посета пред важниот самит на НАТО на 11 и 12 јули во Вилнус, Литванија.Разговорите меѓу Зеленски и Ердоган се важни и затоа што Москва се заканува овој месец да не го продолжи договорот за извоз на украинско жито постигнат со посредство на Турција.