Тејлор Свифт одлучи да ја прошири својата креативност и талент и на други сегменти од уметноста.Фановите се воодушевени бидејќи е потврдено дека Тејлор Свифт ќе го режира својот прв долгометражен филм заснован на сценарио кое самата го напишала.Пејачката (32) ги ангажираше врвните продуценти зад филмовите наградени со Оскар, како што се „Номадленд“ и „Обликот на водата“.Ова не е првпат Тејлор да режира. Таа претходно режираше свои музички спотови. Поврзани објавиНа доделувањето на МТВ видео музичките награди во 2022 година, Свифт ги однесе наградите за најдобро видео, најдобро видео во долга форма и најдобар режисер. Ова достигнување ѝ помогна да влезе во историјата како единствен соло уметник кој некогаш освоил две награди за најдобар режисер.„Тејлор е уметник кој се појавува еднаш во генерацијата. Вистинска радост и привилегија е да се работи со неа додека таа тргнува на ова возбудливо и ново креативно патување. Дополнителните детали за филмскиот проект ќе бидат благовремено објавени“, изјавиле нејзините соработници, пренесува Мирор.Тејлор досега има освоено 11 Греми и е единствената жена изведувач во историјата на Греми која три пати ја освоила престижната награда за албум на годината.
„Таа е уметник еднаш во генерацијата“ – Убавина и здравје
98